МЕТАЛУРГ 20-26 ВАРДАР (10-14)
Терзиќ го отвори натпреварот од 10-то коло во рамките на СЕХА лигата. Неизвесноста траеше до 6-та минута кога Абутовиќ ја започна 5-0 серијата на Вардар за 2-7 по првата четвртина од натпреварот. Средината на полувремето се играше гол за гол, за во 21-та минута Чипурин да ги постави највисоките 5-11.во последните 10-минути Металург возврати со 3-0 серија за намалување на водството на Вардар кое по триесет минути се намали на четири голови, 10-14.
Второто полувреме започна како и првото, Терзиќ обезбеди 5-голови разлика за Вардар, а Марковиќ и Горбок ја продолжи серијата на “црвено-црните” за највисоките седум разлика, 10-17 во 35-та минута. Металург се обиде да се врати во натпреварот но головите на Талевски и Миркуловски кои не беа доволни за приклучок во натпреварот.
Во 41-та минута Терзиќ повторно го врати Вардар на највисоката предност,14-21.До крај на натпреварот во рутинска игра, Металург намали само еден гол од високото водство за конечни 20-26.
Терзиќ ја предводеше листата стрелци со 10 погодоци, а Миркуловски постигна шест за македонскиот првак.


