Гонзалес: Предизвик да се игра против екипа која ја предводи Лино Червар

По натпреварот Вардар-Металург, свои видувања за натпреварот дадоа тренерите на двата тима, првиот стрелец Стефан Терзиќ и Филип Талевски.

Раул Гонзалес, тренер на екипата на Вардар:

Среќни сме за победата, среќни сме зошто иако Металург претрпе измени, против тим кој го води Лино Червар е предизвик да се игра. Започнавме со цврста одбрана и нашиот голман беше на ниво. Во вториот дел се разгоре борбата.Знам дека Металург има проблем со играчите, но среќни сме зашто и ние игравме без неколку играчи,а сите што беа на располагање ја добија својата шанса.

Стефан Терезиќ, ракометар РК Вардар:

Добро ја отворивме утакмицата цврсто во одбраната, а се што не спречивме тука беше Диви да го одбрани, иако не ротиравме многу сепак победивме затоа сум задоволен.

Лино Червар, тренер на екипата на Металург:

Честитам на Вардар за победата заслужено победија, точно е дека на почеток играа поцврста зона од нас, и ја направија разликата, во последните петнаесет минути игравме поцврсто во одбраната, но тоа не можеше да смени многу.Денес играа и Филип и Мартин, ротиравме со тие играчи кои ги имаме на располагање, сигурно е тешко без странците. Сега приоритет е што ќе се случи со клубот, до крај имаме уште два натпревара се надевам дека со една победа ќе ја завршиме годината.

Филип Талевски, ракометар на РК Металург :

Сакам да им честитам на Вардар за победата. Влеговме поопуштено во одбрана, а Петар Ангелов беше на високо ниво оваа вечер, заслужена победа на Вардар.