Во преполната арена во Ѓер, селекциите на Унгарија и Русија ги поделија бодовите откако натпреварот заврши без победник 29:29 во натпревар од А групата во рамките на Европското ракометно првенство.
“Зборнаја” беше предводена од младата ракометарка на Динамо Синара, Дарја Димитриева која на теренот доминираше со своите квалитети и беше незапирлива за домаќините. Со своите седум погодоци беше прогласена за најдобар играч во руската репрезентација и заслужено ги освои аплаузите од гледачите во Ѓер.
Освен за руската репрезентација, Димитриева има и одлични настапи за Динамо во рамките од Лига на шампионите.


