Соња Башиќ во Мец

Францускиот шампион Мец за продолжението од сезоната ја ангажираше хрватската репрезентативка, Соња Башиќ од Локомотива Загреб.

Соња Башиќ во Мец доаѓа како замена за повредената Тамара Хорачек. По неуспехот на Локомотива Загреб за пласман во наредната фаза во Лига на шампионите, францускиот клуб Мец беше заинтересиран за една од клучните ракометарки во хрватската репрезентација. Соња Башиќ во Лига на шампионите за Локомотива постигна 20 погодоци на шест натпревари. Освен на позиција среден бек може да игра и лев бек. Договорот на Соња Башиќ и Мец е до завршувањето на сезоната. Се очекува искусната репрезентативка на Хрватска да му помогне на Мец во освојувањето на француската титула. Соња Башиќ нема да може да настапува во продолжението од Лига на шампионите поради строгите правила на ова натпреварување, кои не дозволуваат настап за друг клуб на ракометарка која веќе настапила во Лигата на шампионите.

Освен за Локомотива Загреб, Башиќ настапуваше и за ЖРК Металург и ЖРК Трешњевска.

Фото: ehfcl.com