Данска победник на Мобелринген купот

Оваа година победник на ,,Мобелринген куп” е репрезентацијата на Данска која во три натпревари забележа три победи. На втората позиција заврши Норвешка, третото место им припадна на Сираба Дембеле и Амандин Лејно со француската селекција додека на последното место заврши селекцијата на Србија која во Ларвик отпатува со втората постава и резервните ракометарки.

Во олстар -тимот место имаше за  Кари Гримбзо ( Норвешка), Лин Кристиен Ригиелхут ( Норвешка), Кристина Кристиансен ( Данска), Лоте Григел  (Данска), Алисон Пино  (Франција), Паула Бадуон ( Франција), Сузан Торсгард ( Данска).

 

Табела

БР. TИМ НАТПРЕВАРИ ПОБЕДИ НЕРЕШЕН ПОРАЗИ ГОЛ-РАЗЛИКА ПОЕНИ
1. ДАНСКА 3 3 0 0 82 64 6
2. НОРВЕШКА 3 2 0 1 72 62 4
3. ФРАНЦИЈА 3 1 0 2 65 65 2
4. СРБИЈА 3 0 0 3 56 84 0