,,Мобелринген куп” : Одлична Сираба Дембеле и поранешната вардарка, Алисон Пино

Во Ларвик се одигра вистински дерби натпревар од ,,Мобелринген куп” каде репрезентацијата на Норвешка беше подобра од Франција со 21:20 (11:14). Одлична на теренот беше ракометарката на ЖРК Вардар, Сираба Дембеле која беше втор стрелец во француската селекција со четири погодоци. Шутерски расположена беше новата ракометарка на Крим Меркатор, Алисон Пино која со пет погодоци беше прв стрелец во својата репрезентација. Солидна на голот беше и втората вардарка во селекцијата на Франција, Амандин Лејно.

Репрезентацијата на Данска немаше проблеми против Србија и славеше убедлива победа од 32:20 (16:10). Данска беше предводена од Кристина Кристиансен која беше најефикасна на натпреварот со седум погодоци, во ослабената селекција на Србија најефикасна беше Билјана Банделиер со пет погодоци.

Арената Ларвик беше домаќин и на натпреварот помеѓу Б селекциите на Норвешка и Данска. Победник во младиот дуел беше селекцијата на Норвешка со 30:27 ( 16:10).