Штербик: Би сакале да допатуваме во Веспрем со кренати глави!

Пред дерби натпреварот со Веспрем, поранешниот член на унгарската екипа, актулниот чувар на мрежата на „црвено- црните“, Арпад Штербик за официјалната страна на унгарскиот шампион говори за претстојниот двомеч и неговите очекувањата.

Веспрем е еден од најкомплексните тимови во Европа во моментот и тие имаат навистина добри играчи на сите позиции и не им требаат нови. Нашата ситуација е малку полоша, но ние сме ентузијасти и имаме верни и  страствени фанови на наша страна. Ќе ни недостасува Абутовиќ, а колку што знам Веспрем ќе настапи без Ласло Наѓ. Нашиот тренер мораше да ја преуреди одбраната, а Веспрем има многу играчи кои можат да одиграат подеднакво во напад и одбрана. Би сакале да допатуваме во Веспрем една недела подоцна, со кренати глави.

Трофејниот голман за крај на интервјуто потенцира дека не згрешил со одлуката за трансфер во ниту една од екипите за кои играл.

Можам да гледам на последнава декада како на успешен период, зошто Веспрем и сите мои шпански клубови секогаш биле во врвот на ракометна Европа.

Ова е четврти клуб со кој Арпад Штербик ќе се спортивстави на Веспрем, по Суидад Реал од кој потоа се создаде Атлетико Мадрид и Барселона, во сабота Штербик ќе се обиде да го одбрани македонскиот вицепрвак Вардар. Натпреварот е закажан за 19:00 на добро познатата локација, спортскиот центар „Јане Сандански“ Скопје.