Судот за жалби при ЕХФ ја потврди казната за рускиот шампион Чековски Медведи во износ од 1000 евра, која русите ја заработија веднаш по натпреварот меѓу Вардар и Чековски Медведи како дел од второто коло од Лигата на шампиони 2014/2015.
Натпреварот се одигра на 4 октомври кога е изречена казната. Казната ја изрече административното тело на ЕХФ поради неприсуство на претставници од рускиот тим на задолжителната прес-конференција по натпреварот одигран во Скопје. Клубот упати жалба на казната на 24 октомври, која судот за жалби при ЕХФ ја одби и ја потврди првичната одлуката на административното тело, кое казната ја изрече според член F.а) од правилникот на ЕХФ за администативни казни.