Металург во арената ” Борис Трајковски” тргна по освојување на првите бодови во новата сезона во рамките на четвртото коло. Конечно во составот се врати популарниот Ренато Вугринец, а заедно со Атман и Циндриќ ја сочинуваа бековската линија. Натпреварот го отвори Дејан Манасков со погодок од контра напад за водство од 1-0. Германскиот шампион со погодокот на Домагој Дувњак израмни на 1-1 и од тој момент тргнаа во шутерско шоу во кои ја демонстираа нивната големина, а немоќни беа двајцата чувари на мрежата во таборот на македонскиот шампион – Никола Митревски и Мирослав Костиќ. Откако Дувњак го постигна својот седми гол веќе беше јасно во кој правец ќе оди овој натпревар
Расположени од контра беа крилните играчи на Кил, Доменик Клајн и Никалс Екберг кои погодуваа без грешка. По 30 минута игра резултатот беше 15-22 за Кил.
Вториот дел започна уште поубедливо за популарните зебри, од седум погодоци разлика Кил своето водство го зголемуваше од минута во минута за конечни 27:42. Покрај поразот одлична партија во дресот на Металург одигра Ванчо Димовски.