Гоце Ојлески: Не е се загубено, имаме шанси за пласман во следната фаза!

Македонскиот шампион Металург вечерва од 21:00 часот во арената “Борис Трајковски” го игра можеби решавачкиот натпревар за одржување на своите шанси за освојување на едно од четирите места од групата А. Противникот е добро познат, германскиот шампион Кил кој минатата година буквално се прошета во Скопје. Репрезентативното лево крило и член на Металург, Гоце Ојлевски во изјава за 24ракомет ги искажа своите очекувања за престојниот натпревар против Кил:

Во сабота ни гостува екипата на Кил. Сите добро знаеме за каков противник станува збор, Кил е апсолутен фаворит и за разлика од минатата сезона оваа година се посилни за 20-30%. Без разлика на поразот кој го доживеаа во Загреб, се чуствува мала криза во нивната игра а нас тоа ни оди во прилог. Очекувам добра игра од наша страна, и доколку одиграме борбено и пожртвувано како во Загреб мислам дека можеме да стигнеме до првата победа оваа сезона што многу ќе ни значи. Уште не е се изгубено, имаме шанси за пласман во следната фаза.