Шестото коло од најдобрата француска ракометна лига, донесе нов пораз на супер тимот на ПСЖ. Парижаните од гостувањето во Шамбери се враќаат со наведнати глави и конечен резултат 33-32.
Првото полувреме заврши со четири разлика за домаќините,17-13. Клучната 4-0 серија ракометарите на Шамбери ја направија од 12-та до 20-та минута. Во вториот дел, Шамбери имаше и девет голови предност 26-17 во 40-та минута. Супер тимот на ПСЖ успеа да намали на минимална разлика од еден гол, четири минути пред крај со гол на Фахрудин Мелиќ, но домаќините сепак успеаа да го задржат водството и со нови два бода да го одалечат супер тимот на ПСЖ од борба за титулата. По шест кола Нант е на чело на табелата, а по вечерашниот меч Монпелје има можност да се изедначи на првата позиција, парижаните пак сега заостануваат три бодови.
Кретеј е на претпоследната позиција по шестото коло откако убедливо загуби на гостувањето во Тулуз со 40-26. Борко Ристовски немаше свој ден и натпреварот го заврши со 5 одбрани, дури ниту помошта од својот колега Мате Суњиќ кој имаше 8 одбрани не беше доволна, Кретеј да избегне нов пораз. Тулуз клучната предност ја создаде на почетокот на натпреварот со серија од 8-0 по првите 10 минути. Во 25-та минута ја постигнаа првата двоцифрена предност од 17-7, а на полувреме домаќините заминаа со 11 голови предност 20-9. Во второто полувреме Тулуз продолжи со исто темпо, а Кретеј немаа вистинско решение за расположениот напад на домаќините.
Резултати 6 коло ЛНХ француска лига
-
15/10/2014
20:00
Коло 06NÎMES
26-32
SÉLESTAT15/10/2014
20:00
Коло 06DUNKIRK
30-25
ISTRES15/10/2014
20:30
Коло 06TOULOUSE
40-26
CRÉTEIL -
15/10/2014
20:30
Коло 06NANTES
33-25
AIX -
15/10/2014
20:30
Коло 06TREMBLAY
22-19
CESSON-RENNES -
15/10/2014
20:45
Коло 06CHAMBÉRY
33-32
PARIS -
10/16/201420:45
Коло 06SAINT RAPHAEL
__-__
MONTPELLIER


