Романската екипа Баја Маре во петок (17.10.2014) ја започнува европската авантура на домашен терен. Амбициозниот тим од Романија со почеток од 17:00 часот ја пречекува екипата на Љублин од Полска во првото коло од Лига на шампионите. Со натпреварот Баја Маре-Лублин започнува Лигата на шампионите во женска конкуренција во сезоната 2014/15. Нашата репрезентативка Елена Ѓорѓиевска со нејзиниот тим Баја Маре се вбројува меѓу главните кандидати за трофејот во овогодинешното издание.
Истиот ден со почеток од 19:00 часот екипата на Крим Меркатор е домаќин на Хипо од Австрија. Во составот на Крим настапуваат поранешните репрезентативки на Македонија, Марина Ламбевска и Мирјета Бајрамовска.
Распоред – 1 коло
Група А
РК Крим Меркатор – Хипо – 17.10.2014 (19:00)
Динамо – Лајпциг – 18.10.2014 (16:30)
Група Б
Турингер – Подравка – 19.10.2014 (14:30)
ЖРК Будуќност – ЖРК Вардар – 19.10.2014 (19:00)
Група Ц
Виборг – ИК Савехоф – 19.10.2014 (15:10)
Ѓер – Локомотива Загреб – 19.10.2014 (19:00)
Група Д
Баја Маре – Љублин – 17.10.2014 (17:00)
Ларвик – Мец – 18.10.2014 (18:30)
Фото: RK Krim


