Манасков и Стојковиќ суспендирани на еден натпревар

Ракометниот суд на ЕХФ, постапувајќи по дисциплинска постапка против Дејан Мансков и Растко Стојковиќ кои заработија директен црвен картон на натпреварот меѓу Брест Мешков и Металург, одлучи да ги казни двајцата ракометари.
Следејќи го правилникот за казни, а поради неспортско однесување на двајцата ракометари на натпреварот од второто коло од Лигата на шампиони на двајцата ракометари им се изрекува казна- суспензија од еден натпревар.
Металург ќе отпатува без Манасков на гостувањето во Загреб, додека Стојковиќ ќе го пропушти натпреварот против Кил кој се игра на 9-ти октомври.