Душебаев на кормилото на Унгарија

Талант Душебаев ја прифати понудата на Унгарската ракометна федерација и во наредните три години ќе биде селектор на унгарскиот национален тим. Репрезентацијата на Унгарија испадна во баражот за СП во Катар, а доведувањето на Душебаев беше еден од приоритетите на челните луѓе на унгарскиот ракомет.

Покрај селекторската функција на клупата на Унгарија, Душебаев продолжува и со ангажманот во полскиот шампион Киелце со кој оваа година планира да го нападне “Фајнл-фор” турнирот во Келн.