Се е подготвено за Златната лига, Пино, Дембеле и Лејно со Франција го напаѓаат првото место

Градовите Холстебро, Есбјерг и Aрхус од 9 до 12 октомври ќе бидат домаќини на овогодинешното издание на Златната лига во женска конкуренција. ЖРК Вардар ќе има три претставници на ова натпреварување во имињата на Алисон Пино, Сираба Дембеле и Амандин Лејно кои ќе ги бранат боите на Француската репрезентација. Покрај Франција, во Златната лига ќе настапат и репрезентациите на Данска, Норвешка, како и актуелниот светски шампион Бразил. Минатата година репрезентацијата на Норвешка беше победник во Златната лига.

Распоред на натпреварите


Четврток ( 09.10.2014) – Холстебро 

Норвешка – Бразил (18:45)

Данска – Франција  ( 20:00)


Сабота ( 11.10.2014) – Есбјерг

Франција – Норвешка ( 14:45)

Данска – Бразил  ( 17:10)


Недела ( 12.10.2014) – Орхус

Франција – Бразил ( 18:45)

Данска – Норвешка (20:10)

 

Фото: Bjørn Kenneth Muggerud – www.timeoutmag.com