Дел од спортистите во Франција се вклучија во донацијата за здружение за борба против ракот на дојка. Меѓу успешните француски спортисти се најдоа и четворица ракометари, браќата Карабатиќ, Вилијам Акамбре и Даниел Нарцис.
За таа цел тие се сликаа во разголено издание и 40 црно-бели фотографии ќе се најдат на официјалниот календар. Цената на календарот на кој ќе се најдат нивните фотографии изнесува 29 € а веќе може да се изврши нарачка за истиот. Приходот од продажбата ќе се намени за здружението за превенција на рак на дојка Le Cancer du Sein, Parlons-En!
Повеќе детали за нарачката може да најдете на официјалната веб-страна – http://www.dieuxdustade.com/





