Со денешните натпревари се комплетираше второто коло од ЛШ

Со денешните натпревари се комплетираше второто коло од Лига на шампионите во машка конкуренција.

Група А 

Со дуелот помеѓу Кил -Натурхаус ла Риоха започна второто коло од Лига на шампионите. Германскиот тим славеше победа против шпанската екипа со минимални 34:32 ( 20:16). Иако се очекуваше лесна победа на екипата од Кил, сепак Натурхаус ла Риоха се погрижи за возбудлив натпревар со многу погодоци. Најефикасен во Кил беше Арон Палмарсон со дванаесет погодоци, додека во составот на Натурхаус ла Риоха најефикасни со по седум погодоци беа Гарсиа и Рокас.

Во првата група Брест Мешков од Белорусија ги запиша првите бодови во најквалитетното натпреварување. Ракометарите на Брест Мешков на свој терен беа подобри од РК Металург со 28 : 24 ( 12 : 10). Во третото коло Брест Мешков на домашен терен го пречекува големиот Кил, додека Металург гостува во Загреб. Металург на овој натпревар настапи без својот најдобар стрелец од ланската сезона, Ренато Вугринец како и без Дарко Станиќ и Павел Атман.

Во последниот натпревар од оваа група, ПСЖ го совлада  Загреб и ја запиша својата втора победа. Екипата на Веселин Вујовиќ пружи достоен отпор против најбогатиот клуб во светот. Натпреварот заврши со резултат 27:22 ( 11:9) за парижани. Хансен беше најдобар поединец со осум погодоци додека пак кај “плинарите” Лука Степанчиќ постигна седум.


 

Група Б 

Фленсбург ја оствари првата победа откако во првото коло беше декласиран од Колдинг во Данска. Без проблеми Фленсбуг славеше убедлива победа против Алингсас со 31:21 ( 19:10). Во третото коло Фленсбург на домашен терен силите ќе ги одмери со Висла Плоцк од Полска. Екипата на Алингсас во третото коло ќе се соочи со Колдинг.

Барселона оствари тешка победа против Висла Плоцк со 30:25 ( 13:12). Екипата од Полска создаваше многу проблеми особено во првиот дел од натпреварот но Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ во вториот дел не дозволија никакво изненадување. Нашиот репрезентативец постигна девет погодоци а кај гостинската екипа Роча и Зеленовиќ беа најефикасни со пет удари во мрежата на Барселона.

Бешикташ пред своја публика беше  поразен од Киф Колдинг со 33:24 ( 16:11). Во третото коло турската екипа ќе има тешка задача на гостувањето против Барселона во Шпанија, додека дански Колдинг гостува во Шведска против, Алингсас.


 

Група Ц

Во дерби натпреварот од Групата Ц, Веспрем на свој терен го совлада Рајн Некар Левен со 27:24 ( 10:11). Момир Илиќ имаше одличен ден со девет погодоци а неговата игра беше надополнета со четири погодоци на Сулиќ и Наѓи. Во противничката екипа Уве Геншхајмер постигна  девет погодоци за својот тим. Во третото коло Веспрем гостува во Франција против Монпелје, додека Рајн Некар Левен гостува во Скопје против РК Вардар.

Монпелје беше подобар од Целје со 35:29 ( 14:18). Екс ракометарот на Целје, Драган Гајич одигра феноменална партија против својот поранешен клуб и постигна десет погодоци, во екипата на Целје единствено расположен беше Јанц Блаж со осум погодоци.

Ракометарите на РК Вардар немаа никакви проблеми против руската екипа Чеховски Медведи и славеа голема победа со високи 39:28 ( 24:12).


 

Група Д

Киелце го оствари својот втор триумф во новата сезона откако славеше победа против унгарски Сегед со 37:32 ( 18:17).

Алборг и Кадетен Шафхаузен одиграа нерешено 23:23 ( 11:8). Берген Емил ја предводеше листата на стрелци во екипата на Алборг со осум погодоци, кај швајцарците Андрија Пендиќ беше најефикасен со седум погодоци.

Данкерк во Киев мака мачеше со Мотор Запорожје. По 60 минути игра резултатот заврши 21:23 ( 10:9) во корист за Данкерк.