Најдобриот поединец во редовите на „црвено-црните“ на натпреварот против Целје, еден од најквалитетните светски ракометни голмани, Арпад Штербик, пред вториот натпревар во Лигата на шампионите, со свое видување за натпреварот против Чековски Медведи:
Сите мислеа дека Чековски Медведи се најслаба екипа во нашата група, но првиот натпревар покажа дека беа во игра со Веспрем во првите 30 минути, беше два разлика и добро играа. Дојдоа некои помлади ракометари, а играта им остана иста, имаат сериозна екипа, која според мене не е ни малку полоша од Целје или било која друга екипа во групата. Мораме озбилно да го сфатиме овој натпревар, веќе ќе биде трет натпревар во недела дена, можеби ќе има малку умор, но мораме да се подготвиме добро. Против Целје изигравме тежок натпревар, против Загреб не беше лесно така што во третиот натпревар мораме да бидеме добри, зошто можеби нема да имаме свежина.


