Комплетирано првото коло во групата А од ЛШ: Загреб со Вујо доби победнички шмек, Ла Риоха го совлада Брест

Во првото коло од Велукс ЕХФ Лигата на шампиони, најголемото изненадување се случи во Загреб каде во рамките на групата А, РК ППД Загреб го совлада германскиот шампион и минатогодишен финалист во ЛШ, екипата на Кил. Во вториот натпревар шпанска Натурхаус Ла Риоха ја оправда фаворитската улога во дуелот против Мешков и го запиша првите бодови во ЛШ.ЗАГРЕБ ПОКАЖА СИЛА

РК ППД ЗАГРЕБ-КИЛ 27:25 (9:13)

Ретко кој од присутните навивачи во Загреб арената се надеваше дека нивниот тим ќе може да изненади против, според многумина најдобриот ракометен тим на денешницата. Таквата прогноза делуваше нереално посебно по завршувањето на првото полувреме по кое Загреб имаше негатива од 4 головои (9:13).

Загреб во грч го започна овој натпревар дозволувајќи му на Кил да ја наметне својата препознатлива игра, што многу брзо резултираше со водство од 7-12 за гостинската екипа. Во текот на целото прво полувреме Загреб се обидуваше да ја пронајде својата игра но тешко одеше, веројатно поради импресионираноста на хрватските ракометари од името на противникот. Кил тоа одлично го искористи за солидно водство од 9-13 по првиот дел.

И почетокот на второто полувреме не најавуваше ништо ново во “Загреб” арената. Домагој Дувњак зголеми на 10-15 и се чинеше дека германскиот тим ќе го одигра рутински овој натпревар до самиот крај. Ретко кој на теренот и трибините можеше да претпостави што овој натпревар ќе понуди во последните 20 минути.
zagreb

Младите ракометари на Загреб буквално почнаа да летаат на теренот, и со серијата која ја иницираа Сандро Обрановиќ, Лука Степанчиќ и Златко Хорват успеа најпрво да намали на еден гол разлика 14-15. Атмосферата на трибините драстично се промени, публиката беше во транс а во играта на загребчани се чуствуваше онаа нота на фајтерство и фанатизам која ја поседува секоја екипа која ја предвои Веселин Вујовиќ, иако овојпат беше на трибините поради суспензијата од ЕХФ која сеуште трае.
Трансот во кој беа влезени ракометарите на Загреб резултираше со нова серија по која Загреб со голот на Лука Степанчиќ дојде до своето прво водство на овој натпревар од 19-18 во 47 минута и најави големото изненадување. Ракометарите на Кил беа шокирани и не успее да се вратат назад во овој натпревар, а Загреб ја направи најголемата сензација во првото коло на Велукс ЕХФ Лигата на шампионите. Конечниот резултат од 27:25 (9:13) е само доказ дека и оваа година во ЛШ нема да има однапред планирани бодови, и дека секој бод мора да се заслужи на теренот.
Vujo

Најпрецизни во екипата на Загреб беа Хорват и Обрановиќ со 6, а Степанчиќ и Брозовиќ постигнаа по 4.
Кај Кил, Палмарсон, Шпренгер и Вујин 4 пати се запишаа во листата на стрелците.

Златан Сарачевиќ ( помошник тренер, Загреб):

На почетокот на натпреварот момците играа во грч, но кога се опуштија и почнаа на теренот да го играат тоа што го можат, тоа веќе беше поезија во движење. Можеби за време на првиот тајм-аут бев малку груб кон нив, но сакав да им напоменам дека и ракометарите на Кил се луѓе од крв и месо и дека имаме шанси против нив само ако веруваме во своите можности. Знаевме дека нема да им се допадне нашата 5-1 одбрана и кога моите ракометари сватија дека имаат премногу почит кон противникот резултатот премина во наша корист.

Златко Хорват ( десно крило, Загреб):

Докажавме дека на домашен терен можеме да победиме и посилни екипи од нас, и тоа го направивме во прекрасна атмосфера. Ова е сепак само еден натпревар и не смееме да се опуштиме. Мораме да продолжиме во исто темпо, и подеднакво да се посветиме и на наредните натпревари. Нареден ни е натпреварот против ПСЖ на гостински терен, кој индивидуално е појак и од екипата на Кил. Но одиме во Париз со кренати глави и ќе се обидеме да одиграме најдобро.


НАТУРХАУС ЛА РИОХА РУТИНСКИ ПРОТИВ БРЕСТ МЕШКОВ

НАТУРХАУС ЛА РИОХА-МЕШКОВ БРЕСТ 39:31 (20:14)

Екипата на шпанска Натурхаус Ла Риоха ја оправда фаворитската улога во натпреварот против Брест Мешков совладувајќи ги гостите од Белорусија со убедливи 39-31 (20-14).

Мешков пружи отпор само на почетокот на натпреварот кога резултатот на семафорот гласеше 5-5. Во продолжение шпанскиот тим го подигна нивото на својата игра и најчесто преку брзи контра напади и удари од 9 метри стигна до висока предност од 14-8, водство кое го одржа до крајот на првиот дел за конечни 20-14 по трисет минути игра.
La_Rioja_vs_Brest_465

Второто полувреме продолжи во ист стил, шпанците го диктираа темпото на овој натпревар и имаа водство од 24-17. Мешков со сите сили се обидуваше да се врати во игра на овој натпревар и најмногу што успеа да направи е да го намали резултатот на 33-29, но Ла Риоха заигра поангажирано во последните десет минути од натпреварот и стигна до првата значајна победа во ЛШ.

Во шпанскиот тим најпрецизни беа Хуан Антонио Гарсија со 8, Филип Стенмалм додаде 6,а Хавиер Гарсија Рубио постигна 5 погодоци.

Растко Стојковиќ постигна 9 погодоци за екипата на Брест Мешков.

Жељко Бабиќ ( тренер, Брест Мешков):

Им честитам на домаќините за победата во овој натпревар. Ние одигравме слабо, направивме многу технички грешки и со таква игра немаме што да бараме во ЛШ.

Хота Гонзалес ( тренер, Натурхаус Ла Риоха):

Многу сум задоволен од победата во овој натпревар. Секој од моите ракометари даде се од себе да победиме вечерва. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам со настапите во ЛШ.