Женскиот ракометен клуб Левалеа од Никшиќ во новата сезона влегува со големи амбиции, a раководството на клубот најавува постепено градење на силна екипа. Главната цел на ЖРК Левалеа оваа сезона е обезбедување на второто место во црногорската лига, а со самото тоа клубот обезбедува настап на европска сцена.
На пријателски натпревар одигран во Никшиќ пред 300 љубители на ракометот домашната екипа покажа дека може да се носи со многу јаки тимови, иако клубот главно е составен од јуниорски репрезентативки на Црна Гора. Пресметката со Крим заврши нерешено 29:29 (17:14).
Левалеа беше предводена од младата Марија Калуѓеровиќ која немаше респект кон Крим и постигна девет погодоци, а во составот на гостинките од Љубљана најефикасни со по седум погодоци беа Мирјета Бајрамовска и Тамара Мавшар. Во листата на стрелци се запиша и Марина Ламбевска со три погодоци.

