Магдинчев го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите против Италија

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Ристо Магдинчев го објави поширокиот список на ракометарки за двомечот против Италија во квалификациите за СП следната година. Списокот е составен од ракометарки на ЖРК Металург, ЖРК Вардар и неколку ракометарки кои играат во странство. Селекцијата на Македонија е во група со Италија и Исланд, а само првопласираната екипа ќе продолжи во бараж натпреварите. На 9 октомври во Скопје гостува Италија, реванш натпреварот ќе се одигра три дена подоцна на гостински терен. Натпреварот против Исланд на гостински терен во Рејкјавик е на 3 декември, додека реванш средбата со Исланд во Скопје е закажана на 6 декември.

 

Список на ракометарки

Голмани :

Наташа Антиќ – ЖРК Металург

Зафирова  Ивана – Кастриоти ( Косово)

Петковска Драгана – ЖРК Вардар СЦБТ

Дурланова Сандра – ЖРК Металург

Крила :

Митрова Драгица – ЖРК Металург

Саздовска Јована – ЖРК Металург

Николовска Симона – ЖРК Металург

Ристовска Сара – ЖРК Металург

Бекови :

Ливриниќ Елена – ЖРК Металург

Јовановска Дајана – ЖРК Металург

Керамитчиева Теодора – ЖРК Вардар 2

Саздовски Ивана – Кобленц ( Германија)

Белевска Андреа – ЖРК Металург

Величковска Габриела – ЖРК Металург

Ѓоргиевска Душица – Муратпаша ( Турција)

Митова Сара – ЖРК Вардар СЦБТ

Ивановска Маја – ЖРК Металург

Стојановска Симона – ЖРК Вардар СЦБТ

Тодоровска Ангела – ЖРК Вардар 2

Десподовска Зорица – Муратпаша ( Турција )

Штериова Марија – Вац ( Унгарија)

Белма Беба – Јоми Салерно ( Италија)

Ѓоргиевска Елена – Баја Маре ( Романија)

 Пикери:

Мечевска Робертина – Анкара ( Турција)

Илкова Ленче – Јенимахал ( Турција)

Николиќ Марија – ЖРК Металург

Гакидова Ивана – ЖРК Вардар 2