Довчерашната ракометарка на ЕРД, Кристина Тришчук е новата аквизиција на составот на Дунајварош. Пред неколку денови Тришчук и ЕРД спогодбено го раскинаа договорот, а причините за заминувањето на Тришчук од клубот се уште се непознати.
Миленичката на фановите на ЕРД немаше никаков проблем да најде нов клуб. Дунајварош е нејзина следна дестинација.
Кристина освен за ЕРД настапуваше и за Фехервар и Луч од Москва.
Кристина освен за ЕРД настапуваше и за Фехервар и Луч од Москва.
Утре со почеток од 18 :00 часот на домашен терен Дунајварош силите ќе ги одмери со Вац во петтото коло од унгарското домашно првенство. Со својот нов клуб, Дунајварош, Тришчук ќе гостува во Скопје во рамките на третото коло од ЕХФ купот, а за противник го има македонскиот претставник ЖРК Вардар.


