Утре (четрврток, 25.09.2014 година) екипата на Металург ќе ги пушти во продажба поединечните билети за натпреварот со ПСЖ. Продажбата започнува од 12:00 часот, а ќе се реализира во продажните салони на “Оне” во Скопје и Македонија, како и онлајн на www.karti.com.mk.
Цени по категории:
1 категорија- блокови Б7, Б8, Б9 = 200 денари
2 категорија- блокови Б5, Б6, Б10, Б11= 300 денари
3 категорија- блокови Б2, Б3, Б4, Б12, Б14,Б15, М7, М8, М9= 400 денари
4 категорија- блокови М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14, М15=500 денари
Натпреварот од 1-то коло на Лигата на шампионите, меѓу Металург и екипата на Пари Сен Жермен, ќе се одржи на ден 28.9.2014 година (недела), со почеток во 19:00 часот.


