Денес ракометарките на ЖРК Вардар гостуваа во Загреб каде силите ги одмерија со хрватскиот шампион Локомотива на пријателски натпревар. “Вардарки” во Загреб триумфираа со 20 : 22 ( 10 : 9). Утре со почеток од 18 : 30 ќе се одигра вториот контролен натпревар помеѓу Локомотива и Вардар.
Најефикасна во составот на Вардар беше Андреа Пенезиќ со седум погодоци, во поразениот тим Соња Башиќ беше најпрецизна со шест погодоци.
Локомотива Загреб – ЖРК Вардар СЦБТ 20 : 22 ( 10 :9)
Локомотива Загреб: Јелчиќ (17 одбрани + седмерец), Смијланиќ 1, Јежиќ 2, Кожњак 3, Рајовиќ 1, Ирман 2, Хорват 3, Башиќ 6 , Хавиќ 1, Милиќ 1 .
ЖРК Вардар СЦБТ : Суслина ( 15 одбрани), Лазовиќ 1, Дембеле 2, Зебиќ 2, Пенезиќ 7, Черноиваненко 3, Ихнева 2, Лекиќ 4, Кликовац 1 .


