Во второто коло од хрватското домашно првенство немаше изненадувања. Актуелниот шампион, Локомотива Загреб на гостински терен славеше убедливо против ЖРК Бјеловар со резултат 17 : 36 ( 9 : 17) во корист на Локомотива. Најефикасна ракометарка во редовите на Локомотива Загреб беше Соња Башиќ која стрелаше седум пати во противничкиот гол, по шест погодоци постигнаа Михаела Хрбкова и Теа Грубишиќ. Кај ЖРК Бјеловар најефикасна беше Кристина Смилјчиќ со шест погодоци.
Во другите натпревари победи запишаа и Замет , Сплит, Осијек, Желина и Сесвете Агропротеинка. Подравка Вегета поради квалификацискиот турнир во Крагуевац натпреварот со ЖРК Самобор го одигра пред една недела на гостински терен каде славеше со 22 : 31 ( 11 : 14).
Резултати – второ коло
ЖРК Бјеловар – Локомотива Загреб 17 : 36 ( 9 : 17)
Замет – Трешњевка 29 : 25 ( 13 : 11)
Сплит – Зрински 27 : 23 ( 14 : 11)
Умаг – Осијек 21 : 24 ( 12 : 11)
Далматинка – Желина 19 : 27 ( 9 : 13)
Сесвете Агропротеинка – Кока 35 : 20 ( 20 : 14)
ЖРК Самобор – РК Подравка Вегета 22 : 31 ( 11 : 14)


