Комплетирани се натпреварите од шестото коло во романската лига во женска конкуренција. Дерби натпреварот помеѓу Роман – Корона Брашов заврши без победник 22 : 22 ( 13 : 12). Баја Маре пак имаше лесна задача во натпреварот против тимот на Мурешул во кој настапуваат македонките Савица Мркиќ и Надица Трајковска. Нашите интернационалки и после шест комплетирани кола сеуште ја немаат забележано првата победа.
Резултати – шесто коло
Мурешул – Баја Маре 21 : 42 ( 8 : 19)
Валчеа – Нептун Костанца 27 : 26 ( 10 : 15)
ЦСМ Слобозиа – Клуж 29 : 25 ( 15 : 13)
ЦСМ Букурешт – Цетате Дева 36 : 25 ( 22 : 12)
Браила – Плоиести 34 : 20 ( 16 : 7)
Залау – Крајова 22 : 25 ( 12 : 11)
Роман – Корона Брашов 22 : 22 ( 13 : 12)


