Корди: Не калкулиравме и тоа ни се одби од глава

На прес конференцијата по завршување на натпреварот Вардар Нексе свое видување за натпреварот и она што претстои дадоа тренерите на двете екипи и најдобрите поединци на натпреварот Етер кој постигна 6 погодоци и Страхиња Милиќ кој имаше 19 успешни интервенции.

Тренерот на хрватската екипа Зденко Корди го даде своето мислење за овој пораз и досегашниот настап на Нексе.

Му честитам на домаќинот на заслужената победа, пред натпреварот беа фаворити и тоа го оправдаа. Имаме нова екипа и во главно напорен распоред во СЕХА лигата, сакавме да пружиме поголем отпор, не сакавме да калкулираме игравме отворен натпревар, колку тоа беше можно. Очигледно тоа ни се одби од глава и при крај на натпреварот како да ја загубивме концентрацијата. Затоа ми е малку жал, доколку резултатот беше помал можеби до израз ќе дојдеше нашата борбеност и нашата игра која денес ја пруживме, вака пред крајот тој впечаток го расипавме. За разлика од другите натпревари покажавме напредок, од натпревар во натпревар ќе се обидеме да растеме, таква е нашата судбина секоја година имаме нова екипа, се подобруваме се надевам дека ќе направиме нешто. Им посакувам успех на Вардар во Лигата на шампионите.

Албин Етер, лево крило, ракометар на Нексе:

Заслужена победа на Вардар, се обидовме да дадеме се од себе и да одиграме што можеме подобро против нив. Тие се едни од фаворитите не само во СЕХА туку и во Лигата на шампиони, се засилија со квалитетни играчи, а ние ги промениме речиси сите играчи и повторно се воигруваме, имавме тежок распоред и на почеток имавме лоши резултати , се надевам ќе ја пронајдеме нашата игра и ќе почнеме да освојуваме бодови.

Раул Гонзалес, тренер на Вардар:

Многу сум среќен за победата, за нас беше доста значаен натпревар. Започнавме со добра одбрана, добар голман, Милиќ одбрани полно удари, имавме добар контра-напад , во позициониот напад помалку или повеќе се беше во ред, добро играа на цетралната позиција во одбраната и тука имавме малку проблеми, ги променивме сите играчи, задоволни сме од натпреварот и сметам дека сме подготвени да играме против Целје, формата оди во нагорна линија.

Страхиња Милиќ, голман, Вардар:

Одигравме еден добар натпревар, одработивме се што нашиот тренер од нас очекуваше. Среќен сум што тренерот е задоволен од играта. Последен натпревар е пред натпреварот против Целје, одбработивме се што требаше ни остануваат уште пет-шест дена до првиот натпревар од Лигата на шампиони. Ќе се спремиме најдобро што можеме за првиот натпревар од Лигата на шампиони. Се сложувам со констатацијата дека резултатот не е одлика на натпреварот, но тоа е ракометот им посакувам многу среќа во иднина.