Со денешните финални натпревари познати се тимовите кои обезбедија место во ЛШ. Во Групата А се приклучува германската екипа Лајпциг, додека во Групата Б се приклучува Подравка од Хрватска.
Дуелот меѓу ФТЦ – Лајпциг помина драматично, а по изведувањето на пенали Лајпциг е последниот патник во најквалитетното натпреварување. Натпреварот меѓу ФТЦ – Лајпциг заврши сo 38 : 39 ( 34 : 34 , 28 : 28 , 15 : 14). Во дуелот за третото место победа издвои екипата на Далфсен против белоруската екипа Минск со 30 : 27 ( 14 :15).
Во квалификациската група 2 во Крагуевац екипата на Подравка не дозволи изненадување и убедливо го совлада Раднички со 28 : 24 ( 14 : 12). После неочекуваниот вчерашен пораз данската екипа на Митјиланд предводена од Хеле Томсен денес го освои третото место со победата која ја забележа против скандинавскиот ривал Бјасен 28 : 24 ( 15 : 11)


