По комплетираното прво коло во машката Супер Лига, Зомимак повторно се издвои како екипа која ќе се бори за место во ЕХФ купот и наредната сезона. Во дерби дуелот кој се одигра во спортската сала во општина Василево, ракометарите на Зомимак ја совладаа екипата на Пролет 25-20. Тоа беше дуел на третопласираната и четвртопласираната екипа во Супер лигата за минатата сезона, односно најдобрите две екипи од регуларниот дел на минатата сезона.
Во дуелот на двете скопски екипи, Работнички загуби од вториот тим на Металург на домашен терен со 24-26 иако на полувреме имаше два гола предност.
Во дуелот на двете скопски екипи, Работнички загуби од вториот тим на Металург на домашен терен со 24-26 иако на полувреме имаше два гола предност.
Преспа не дозволи изненадување на некогашниот ракометен гигант Пелистер и со минимални 25-24 ги освои првите бодови оваа сезона.
Комплетни резултати од првото коло:
Работнички – Металург 2 24-26 (12-10)
Зомимак М – Пролет 25-20 (14-8)
Преспа – Пелистер 25-24 (9-12)
Радовиш – Текстилец 45-25 (20-16)
Прилеп – Охрид 22-22 (12-10)
Зомимак М – Пролет 25-20 (14-8)
Преспа – Пелистер 25-24 (9-12)
Радовиш – Текстилец 45-25 (20-16)
Прилеп – Охрид 22-22 (12-10)


