Унгарија : Втора победа за Вац и Марија Штериова

Во четвртото коло од унгарското женско ракометно првенство составот на Вац ја забележа својата втора победа. Вац на домашен терен пред своите фанови беше подобар од Бекешчаба со 27:24 (12-14). Одлична партија во дресот на Вац одигра искусната Фаркаш Вероника која постигна 12 голови, додека пак нашата интернационалка Марија Штериова беше втор стрелец во екипата со четири постигнати голови. Во составот на Бекешчаба со осум голови се истакна Олха Николајенко.

 

РЕЗУЛТАТИ -ЧЕТВРТО КОЛО:

Мошонмаѓаровар-ФТЦ 22:35 (11-16)

Дебрецен-Ерд 28:23 (13-9)

Вац-Бекешчаба 27:24 (12-14)

Денес на програмата се три суперлигашки дуели кои ќе го комплетираат четвртото коло

Фехервар-Дунајварош (18 :00)

Шиофок-Ѓер (18:00)

Сегед-МТК Будимпешта (19:00)