Лајпциг ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир на групата 1 за влез во Лига на шампионите. Покрај Лајпциг учесници ќе бидат и Минск од Белорусија, Далфсен од Холандија и ФТЦ од Унгарија.
На 20.09.2014 со почеток од 16 :00 часот во Лајпциг ќе се соочат ФТЦ и Далфсен. Домаќинот Лајпциг за противник ја има екипата на Минск од Белорусија. За белорускиот шампион ќе настапат и три поранешни ракометарки на ЖРК Вардар, Ана Виноградова, Екатерина Љубјанија и Евгенија Жулкина. Натпреварот Лајпциг – Минск ќе се игра на 20.09.2014 со почеток од 18:30. Победниците ќе се сретнат во големото финале, а подобрата екипа во финалето ќе обезбеди место во најквалитетното натпреварување и ќе биде дел од групата А составена од Крим , Хипо и Динамо.
Распоред на натпреварите:
Сабота ( 20. 09. 2014)
ФТЦ – Далфсен ( 16 :00)
Лајпциг – Минск ( 18 : 30)
Недела ( 21. 09. 2014)
Натпревар за трето место ( 16: 00)
Финале ( 19 :00)
Лајпциг ( сезона 2014/15)
Минск ( сезона 2014/15)
ФТЦ ( сезона 2014/15)
Далфсен ( сезона 2014/15)






