Во романското првенство, амбициозниот тим на Баја Маре го доживеа својот прв пораз во Брашов. Натпреварот заврши со еден гол разлика за ракометарките на Корона Брашов 29 : 28 ( 13 – 15). Домаќинот беше предводен од Аурелиа Брадеану која постигна шест голови.
Македонската репрезентативка, Елена Ѓоргиевска постигна пет голови и беше меѓу најдобрите стрелци во тимот. Најефикасна во Баја Маре беше младата Елиза Јулија која постигна осум голови.
Долго очекуваното дерби меѓу Баја Маре и ЦСМ Букурешт е закажано на петти октомври. Конкуренцијата во романското првенство секоја сезона се зголемува, а оваа година се чини дека ќе донесе неизвесна битка за шампионскиот трофеј.


