Репрезентативката Симона Грозданоска во новата сезона ќе го носи дресот на грчки ПАОК. Таа успешно ги бранеше боите на ЖРК Металург од 2010 па се до минатата сезона, од оваа сезона таа ќе игра за екипата од Солун. Освен за ЖРК Металург, Симона настапуваше и за РК Кале Кичево, Птолемаида, Амбалажа Кабран – Кавадарци и Тутунски Комбинат Прилеп.
Ова е одлична вест за селекторот на женската репрезентација, Ристо Магдинчев бидејки уште една ракометарка од Автокоманда си најде клуб. Се уште се чека новиот клуб на Драгица Митрова за комплетен ангажман на сите заминати ракометарки од ЖРК Металург.


