Николај Јакобсен, тренер на Рајн Некар:
“Не очекувавме Бергишер да игра со исто темпо сите 60 минути. Им честитам на Бергишер за победата, која е чиста и одлично одиграна- тие ја сакаа повеќе од нас. Многу малку голови постигнавме од контра и полуконтра бидејќи Бергишер се враќаа бргу во одбраната. Многу наши ракометари денес потфрлија.”
Себастијан Хинзе, тренер на Бергишер:
“Кога ќе победите дома против екипа како што е Рајн Некар, тогаш планот навистина успеал. Одлично се движевме во одбрана и бевме доволно цврсти. Покажавме желба и мотивација во сите 60 минути, а само така и можевме да победиме против „лавовите“. Тоа беше доволно да сум неизмерно горд на ракометарите и секако бодовите ќе ни се најдат. Тимот ја покажа својата компактност во првите натпревари оваа сезона и одлично се развиваме.“
Од друга страна, Кил не дозволи ново изненадување и пред своите навивачи го декласирање Мелсунген со 32-23.
Екипата на поранешниот победник на Лигата на шампиони, Хамбург, влезе во голема резултатска криза по последниот пораз од екипата на Ивано Балиќ, Вецлар. По трите порази од Кил, Рајн Некар и Бергишер и двата нерешени резултати против Гепинген и Хановер, Хамбург загуби на домашен терен во Вецлар и се наоѓа на 18 место на табелата. По вчерашниот натпревар во Хамбург, кој гостите го добија со 31-28, Вецлар е на петтата позиција во Бундеслигата.
По 6 одиграни кола во германската Бундес лига, единствена непоразена екипа е екипата на Гепинген која има и натпревар помалку. Во следното коло Гепинген му гостува на водечкиот Рајн Некар Ловен за превземање на првото место на табелата.
ТАБЕЛА:
1 Рајн Некар Ловен -RHEIN-NECKAR LÖWEN- 10
2 Фреш ап! Гепинген -FRESH UP! GÖPPINGEN- 9
3 ТХВ Кил -THW KIEL- 8
4 СЦ Магдебург -SC MAGDEBURG- 7
5 ВЛФ Гумерсбах -VFL GUMMERSBACH- 7
6 ХБВ Балинген-Вилстетен -HBW BALINGEN-WEILSTETTEN- 7
7 Фуксе Берлин -FOXES BERLIN- 6
8 СГ Фленсбург-Хандевит -SG FLENSBURG-HANDEWITT- 6
9 ХСГ Вецлар -HSG WETZLAR- 6
10 МТ МЕлсунген -MT MELSUNGEN- 6


