Металург се приклучува на “Шанса за живот”

Клубот Металург ја подржува Кампања на ОКТА за подигање на јавната свест за состојбата на Одделението за интензивна нега на Клиниката за детски болести Скопје.

Компанијата ОКТА веќе неколку месеци ја спроведува кампањата насловена како „Шанса за живот“. Целта на кампањата е да се намали смртноста кај новороденчињата и да и се помогне на оваа институција да понуди подобра и поефективна медицинска нега.

„Шанса за живот“ е национална кампања преку која се собираат средства за донирање на опрема во Одделот за интезивна нега на Детската клиника.

Металург, се приклучува на акцијата и за таа цел, пред саботниот натпревар со екипата на Раднички, пред СЦ “Борис Трајковски“ ќе бидат поставени два штанда каде ќе можат да се донираат минимални 100 денари. Секој што ќе донира ќе добие нараквица со натписот „Шанса за живот“ и ќе може бесплатно да ја проследи средбата Металург – Раднички. Алките може да се набават и во кафе барот Тренд во Сити Мол и на бензинската пумпа на Окта во Карпош 3.