На денешното обраќање пред новинарите во пресрет на мечот против Раднички во СЕХА лигата, шефот на стручниот штаб, Лино Червар, го потенцираше почетокот на новиот проект за подмладување на тимот и очекувањата од натпреварите во претстојниот период.
Се наоѓаме пред натпреварот од второто коло против екипата на Раднички од Крагуевац во СЕХА лигата, во првото коло како што знаете игравме против Вардар. Се надеваме дека во овој втор натпревар ќе имаме подобар резултат за разлика од првиот. Секој натпревар во СЕХА лигата е захтевен, а така ќе биде и овој, сепак Раднички се прваци во Србија, иако на последниот натпревар изиграа нерешено, Раднички е противник кој треба да се респектира.
Во првиот натпревар кој го одигравме со Вардар и сами видовте дека не го отвориме добро и одигравме лошо прво полувреме, а подоцна се поправивме. Како што знаете го започнавме долгогодишниот проект каде ќе форсираме млади играчи, на натпреварот против Вардар имавме околу 50 % млади играчи по моја слободна процена, на возраст помеѓу 18-22 години. Задутре ќе видите на теренот уште два нови ракометари така што ќе имаме околу 60% млади ракометари помеѓу 18-22 години, ќе играат Неловски, Талевски и Пешевски со останатите, тука се и Лука Циндриќ, Липовина, Марсениќ, Борозан, Ѓуќиќ и други млади играчи. Треба тоа добро да го искористиме за да ги издигнеме и да им дадеме многу важно искуство, уверени сме во клубот дека правиме многу важна работа за нашиот тим и нашиот ракомет, можам да ви кажам дека тренираме многу напорно дури и за празниците, но нема резултат ако нема работа. На врвот може да се дојде само со многу тренирање и полно работа, да се биде одговорен, да се доблесни во победата и поразот, да се борат, тоа се работи кои за мене се многу важни. Го кажувам ова за да имате трпение и вие и тие. Каков и да ни биде тимот, целта напролет ни е повторно да го земеме првенството. СЕХА лигата ќе ја искористиме за стекнување на искуство, а во Лигата на шампионите ќе биде она што ќе биде, нема да биде лесно можеби ќе губиме натпревари, можеби ќе изненадиме, но мора да ги издржиме овие 5-6 месеци и верувајте дека потоа ќе имаме уште повеќе задоволство и веселби, со една синергија меѓу искусните играчи, од кои не се откажуваме и младите сили, а тоа е одлично прифатени од нашите поддржувачи и воопшто од сите во Македонија. Таа наша постапка е еден новитет, една порака за тоа како треба нашите млади ракометари и оние кои ги доведовме од надвор да ги сплотиме за да добиеме една добра екипа која би можела да остварува одлични резултати на европски ранг.
Раднички е искусна екипа која добро ќе ни дојде пред Веспрем. На 28 септември ни гостува Париз Сент Жермен, мораме да му се спротиставиме но имаме еден хендикеп, Вугринец нема да игра на тој натпревар. Затоа Липовина ќе добие поголема шанса, затоа се обидуваме да имаме една варијанта и без левак, ќе испробаме полно варијанти за да го дочекаме натпреварот спремни и да дадеме колку можеме повеќе од себе. Сакам да им се заблагодарам на навивачите, околу 4000 го посетија последниот меч против Татран, сакам да го повикам нашето комплетно семејство и децата и родителите и бабите и дедовците и чичковците, целото семејство да дојдадат да не гледаат и да ја подржат нашата младина. А ние мора да бидеме одговорни и против Раднички да дадеме се, како и на секој натпревар, и да се обидеме да играме што подобро.



