Судбината на Хамбург пред вратите на Црвена Ѕвезда!

Поради долг од околу 60 000 евра, екипата на поранешниот шампион на Србија екипата на Црвена Ѕвезда е на прагот да биде исклучена од најквалитетното ракометно натпреварување. По правилникот на РСС доколку Црвена Ѕвезда не ја добие дозволата за да може да настапи во Суперлигата тогаш по автоматизам и следува казна со забрана за настап следната сезона, а таа по неа може да ја започне, но два ранга пониско. Тоа би значело и згаснување на клубот чија управа кубури со финансиите веќе неколку години.

Поранешните играчи на Ѕвезда, Никола Докиќ, Немања Зеленовиќ, Никола Шљиванчанин, Урош Милошевиќ и Стефан Ќириќ по добиените судски пресуди побаруваат од клубот надоместок од околу 60000 евра на име заостанати плати и премии. Процесот се однесува на неисплатени хонорари во 2012 и 2013 година, која управата на Црвена Ѕвезда иако знаејќи дека не може да ги подмири ги договорила и заверила во официјален документ. Многу кандидати, а ниедна конкретна спонзорска понуда и епилог на штета на ракометот. Раководството на клубот, на чело со Ненад Перуничиќ, ја прикрива својата неспособност прозивајќи ги ракометарите кои чесно си ги заработиле парите, а за кои имаат и судска пресуда. Од друга страна се бројат деновите и часовите кога Црвена Ѕвезда треба да обезбеди гаранција дека е договорена динамиката на исплата на побарувањата на поранешните ракометари на „црвено-белите“, во спротивно, по 67 успешни сезони во најквалитетното домашно натпреварување тоа би бил крај за еден од најуспешните клубови во Србија.

Со изјави и коментари овие денови се огласија Докиќ и тогашниот капитен на тимот Шљиванчанин, кои се разочарани од клубското раководство и бившиот тренер, пред се поради фактот што кога сите го напуштиле бродот што тоне, тие останале за да не дозволат Црвена Ѕвезда да испадне од Супер лигата. Од другата страна наместо разбирање, управата излегла со став дека пропаста на Црвена Ѕвезда е по вина на посочената петорка.

До овој момент ракометарите не дале согласност за понудените услови со кои се гарантира исплата на заостанатите плати на рати почнувајќи од декември па се до крајот на сезоната. Претседателот на заедницата на суперлигаши сеуште тактизира околу одлука за судбината на белградскиот клуб, но останува се помалку време и се помалку прифатливи решенија.