Откако машката ракометна репрезентација на Косово се најде во групата Ц како дел од репрезентациите кои ќе се натпреваруваат во првата квалификациска фаза за Европското првенство 2018 кое ќе се одржи во Хрватска, ЕХФ го најави она што ќе следи наредниот викенд во Ирска.
На редовниот конгрес на Европската ракометна федерација кој ќе се одржи во Даблин 19-20 септември, како една од точките по кои ќе се одлучува е проширувањето на ЕХФ со нови членки. Најконтраверзно е прашањето за Косово, чија федерација од 2004 има статус на придружен член на ЕХФ. По 10 годишна борба да добијат статус на полноправен член, од 193 држави, косовската федерација ја признале 107. Делегатите на Конгресот најверојатно ќе постапуваат по прашањето за прием со став како и нивните матични федерации што би значело дека Косово ќе стане рамноправна членка на ЕХФ.
Од 2007 сите косовски екипи на клубско ниво се признаени од ЕХФ. Во јануари 2014, ЕХФ даде зелено светло на младинските категории за настап на настани кои се организирани од европската куќа на ракометот. Следниот логичен чекор е целосно признавање на легитимитетот на косовската федерација, кое би требало да се случи веќе овој месец.
Српската федерација која не ја признава државноста на Косово, преку највисоките државни институции, Министерството за спорт и млади и Министерството за надворешни работи, најави дека ќе се обиде да го спречи признавањето на косовската федерација како рамноправен член на ЕХФ семејството.


