Македонската репрезентативка, Елена Ѓоргиевска и понатаму продолжува со одличните игри во дресот на романската екипа Баја Маре.
По одличните резултати во подготвителниот период, дрим тимот на Баја Маре ја започна битката за титулата во домашното национално првенство. Во првото коло, Баја Маре беше убедлива против Крајова со високи 21 : 32 (7 – 17) во нивна корист. Елена Ѓоргиевска на првиот натпревар беше стрелец на еден гол.
Во второто коло Баја Маре за противник ја имаше екипата на Плоешти. Натпреварот заврши со убедлива победа за Баја Маре со резултат 30 : 20 (13 – 10). Со три погодоци свој удел во победата имаше Елена Ѓоргиевска.
Следен натпревар на Баја Маре е на 7 септември против Цетате Дева.