Во француското финале на престижниот интернационален ракометен турнир „Еуроторнаи 2014“, кое се одигра во Стразбур, Франција, екипата на Париз Сент Жермен убедливо ја совлада екипата на Монпелје со 32-24, за вториот едноподруго трофеј на „Еуроторнаи“.
ПСЖ до финалето стигна совладувајќи ги катарски Ел Џаиш (37-25) и Чековски Медведи (32-22). Екипата на Монпелје имаше потежок пат, на првиот натпреварувачки ден, го победи Шамбери (29-23), за во големото дерби од третиот ден, во атрактивен, неизвесен и возбудлив натпревар да го совладаат полскиот шампион Киелце со резултат 34-33.
Во борба за третото место Киелце го совлада рускиот шампион Чековски Медведи со 36-31, додека Шамбери го избегна последното место со минимална победа над Ел Џаиш 28-27.
Во борба за третото место Киелце го совлада рускиот шампион Чековски Медведи со 36-31, додека Шамбери го избегна последното место со минимална победа над Ел Џаиш 28-27.
„Еуроторнаи“ се организира по дваесети пат, шеснаесет изданија на клубско ниво и четири пред-олимписки турнири на репрезентативно ниво. Најуспешени клубови се Монпелје и Шамбери со три титули, додека ПСЖ му се придружи на Суидад Реал со два пехара.


