Со натпреварот меѓу Париз Сент Жермен и Ел Џаиш започна најсилниот подготвителен турнир во Европа, „Еуроторнаи 2014“.
Градот Стразбур наредните четири дена ќе биде домаќин на ПСЖ, Монпеље, Шамбери, Ел Џаиш, Киелце и Чековски Медведи.
Во првичните планови на организаторот вклучени беа унгарскиот шампион Веспрем и романскиот првак Констанца, но Веспрем не беше во можност да го потврди учеството поради конфликт со распоредот во СЕХА лигата, а романците поради финансиска криза ги откажаа сите подготвителни гостувања оваа предсезона. Затоа нивното место го завземаа катарски Ел Џаиш, тимот кој го предводи бившиот селектор на Црна Гора, Зоран Кастратовиќ и тимот на рускиот шампион Чековски Медведи.

facebook.com/eurotournoihandball
Во првиот натпреварувачки ден доминираа француските екипи, на првиот натпревар ПСЖ покажа дека европскиот ракомет е далеку пред сите, декласирајќи ја екипата на Ел Џаиш со 37-25. Во вториот натпревар во францускиот дуел Монпеље ја совлада екипата на Шамбери со 29-23.
Денес на програмата се дуелите: (18:15 ч.) Ел Џаиш – Чековски Медведи и (20:30 ч.) Киелце-Шамбери.



