Шампионот на Словенија, Крим, во Љубљана одигра пријателски натпревар против хрватскиот шампион, Локомотива Загреб. Подобри во текот на целиот натпревар беа гостинките од Загреб. Натпреварот заврши со резултат 28:33 (13-16) за Локомотива. Одличен учинок на натпреварот имаа двете поранешни ракометарки на ЖРК Металург, Мирјета Бајрамовска и Соња Башиќ , Бајрамовска за Крим постигна девет голови, додека Башиќ со осум голови беше најефикасна во дресот на Локомотива Загреб. Три пати во листата на стрелците за Крим се запиша и поранешната репрезентативка на Македонија, Марина Ламбевска. Следен контролен натпревар на Крим е во сабота против ЖРК Будуќност, додека Локомотива Загреб во истиот ден силите ќе ги одмери со Трешњевка.


