Војводина успеваше да одговори на предизвикот на унгарскиот шампион само во првите 10 минути од натпреварот кога резултатот на семафорот гласеше 4-4. Од тој момент Веспрем ја превзема иницијативата и постојано го зголемуваше водството на овој натпревар.Во 21 минута унгарците веќе имаа 5-10, а до со головите на Орбовиќ и Николиќ Војводина замина на полувреме со негатива од 4 голови ( 9-13)
Сите дилеми за тоа кој ќе биде победник на овој натревар беа решени на почетокот на второто полувреме. Ласло Наѓ влезе во извонредна гол серија, надополнет од Момир Илиќ кој беше непогрешлив од линијата за 7 метри, што беше доволно Веспрем да забележи убедлива победа во својот деби настап во Сеха лигата од 19-32(9-13).
Најпрецизен ракометар во екипата на Веспрем а воедно и на овој натпревар беше Момир Илиќ кој постигна 11 голови ( 9 од линијата од 7 метри). Ласло Наѓ беше стрелец на 5 голови.
Во поразената екипа Живковиќ, Орбовиќ и Безовиќ постигнаа по 4 голови.
Изјави по натпреварот
Момир Илиќ ( лев бек, Веспрем):
Влеговме како фаворити во овој натпревар и одигравме најдобро што можеме во овој момент. Војводина има квалитетна екипа и им треба малку време за да се воиграат и да влезат во форма. Сигурен дека во наредните натпревари ќе играат многу подобро.
Антонио Карлос Ортега (тренер, Веспрем):
Ова беше тежок натпревар, но ние добивме информации за екипата на Војводина и се подготвивме на време. Во првото полувреме имавме проблеми во одбраната, кои успеавме да ги решиме во второто полувреме.
Вук Лазовиќ ( пивот, Војводина):
Веспрем важеше за фаворит и пред натпреварот и ја оправда фаворитската улога. Драго ми е што игравме на високо ниво против екипа каква што е Веспрем на самиот почеток од сезоната. Имаме многу да работиме, и се надевам дека нашата форма ќе оди во нагорна линија.
Ѓорѓе Чирковиќ (тренер, Војводина):
Имаме десет нови ракометари, и ова беше едно ново искуство за нас. Веспрем е еден од најдобрите Европски клубови. Ни треба време, за новите ракометари да се воиграат и да функционираат како тим. Мојата екипа се бореше одлично на овој натпревар и неможам да кажам ништо лошо за нивниот настап.


