ЖРК Металург ги одигра првите пријателски натпревари

Македонскиот вицешампион – ЖРК Металург ги одигра првите пријателски натпревари во подготвителниот период. Гостин во Автокоманда беше српската екипа, ЖРК Јагодина каде настапува прилепчанката Сара Стеваноска. На првиот натпревар гостинките од Србија славеа убедлива победа со високи 12:25 ( 8 -11) во нивна корист. Во вториот контролен натпревар младите сили на ЖРК Металург предводени од новиот тренер Александар Петровски беа на прагот да направат изненадување, но натпреварот заврши нерешено со резултат 20:20 ( 9-7).

На првиот дуел најефикасна во ЖРК Металург беше Андреа Белевска со четири голови, во вториот натпревар Сара Ристовска со пет голови ја предводеше листата на стрелците.