ЖРК Вардар на подготовките во Аранѓеловац доживеа пораз од екипата на Књаз Милош со високи 26:18 (14-8). Избраничките на Симе Симовски претходно одиграа два контролни натпревари со младинската екипа на Књаз Милош и кадетската репрезентација на Србија. Искусните ракометарки од Књаз Милош без многу проблеми триумфираа против ЖРК Вардар, а една од причините за високиот пораз се големиот број на грешки кои ги имаа младите вардарки. Овие контролни натпревари треба да послужат за воигрување на екипата, и собирање на искуство.
Теодора Керамитчиева беше најефикасна на натпреварот со пет голови, четири додаде Марија Прленда. Меѓу стативите Нина Ладева имаше шест одбрани.


