Металург го доведе Марсениќ

Екипата на Металург го продолжува трендот на доведување на млади и перспективни ракометари од “ex-ју” просторите. По ангажманот на Борозан и Циндриќ (минатата сезона), оваа година беа ангажирани Липовина и Ѓукиќ, а најново засилување за “плаво-белите” е српскиот пивот Михајло Марсениќ кој доаѓа од белградски Партизан.

Марсениќ ( 21г, 204 см, 107 кг) попиша тригодишен договор со екипата од Автокоманда, и со овој потег Червар ја осигура најдефицитарната позиција во својата екипа.

Михајло Марсениќ:

Пресреќен сум што потпишав договор со екипата на Металург, сигурно најдобрата екипа на Балканот. Среќен сум и поради работата со Лино Червар, под чие раководство очекувам напредок во мојата игра. Настапите во Лигата на шампионите и во Регионалната лига за мене претставуваат голем предизвик и јас се надевам дека ќе го заслужам своето место во тимот и ќе ги исполнам очекувањата на клубот. Играњето во Металург е голем напредок во мојата кариера.

марсениќ потпис

фото: Нова Македонија

Левче Китевски(Претседател на УО на Металург):

Голема благодарност до екипата на Партизан и до претседателот на клубот, г. Александар Благоевиќ, кои го овозможија овој трансфер. Презадоволен сум што еден млад и талентиран ракометар, каков што е Марсениќ, ќе настапува во Металург. На Марсениќ му посакувам добредојде во Металург и очекувам тој да возврати со својата игра. Играњето во Металург и работата со најдобриот тренер на светот, Лино Червар, се позитивни нешта во кариерата на Марсениќ.