Борко Ристoвски: Тука сме заради квалитетот на екипите

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски, кој со својот тим, француската екипа Кретеј беше дел од „Струга 2014“ со своја оценка за овој турнир и ривалството меѓу Вардар и Металург:

Турнирот е  добро организиран, со мали недостатоци. Меѓутоа тука не сме дојдени за квалитетот на хотелот или за квалитетот на теренот, тука сме за квалитетот на екипите. Конкретно за мојот тим, тука сме да добиеме интернационално искуство, ние сме доста млада екипа и тука сме да се стекнеме со искуство кое ќе ни служи во шампионатот на Франција.

Мое мислење е дека Вардар е доста поквалитетен оваа сезона од Металург и сметам дека ќе го освојат првенството. Меѓутоа тоа се мора да се покаже на терен.