Во изјава за 24ракомет поранешниот „вардарец“: Ќе се бориме за финале со Вардар

Поранешното десно крило на Вардар и репрезентативец на Чешка, Јан Собол e повторно во Македонија, но овојпат како гостин на струшкиот ракометен турнир со неговата нова екипа, Азоти Пулави. По одличниот натпревар и победата над Кретеј во изјава за 24ракомет истакна:

Не чека важен натпревар со Металург. Ќе се бориме да играме во финале со Вардар. Незнам колку имаме шанси, Металург е одлична екипа, секоја година е во топ 8 во Лигата на шампиони. Ќе видиме како ќе се одвива натпреварот.

Натпреварот е закажан за 20:45 во Спортскиот комплекс на „Женска плажа“ во Струга.