Азоти Пулави ја врати неизвесноста на струшкиот турнир

Во првиот натпревар на програмата од вториот ден на интернационалниот ракометен турнир Струга 2014, екипата на Азоти Пулави предводена од Драган Марковиќ ја совлада екипата на Кретејсо 30-25 и ја остави отворена битката за финалето.
DSC_0415
Во почетните минути двата тима ги одмеруваа силите, но немаше ништо конкретно од двете страни се до 21-та минута кога полјаците за прв пат поведоа со три голови предност за 11-8. Водство кое го задржаа до краj на натпреварот. Нервозата на натпреварот беше забележителна посебно на клупата на Азоти, игра со груби стартови и агресивност во одбраната кои на момент ја преминуваа спортската граница. Екипата на Пулави се коцкаше, често играше со маркер коj на крај им донесе победа и шанса против Металург да изборат финале. Најпрецизен во екипата на Пулави беше Крајевски со седум погодоци, додека Уго Деска постигна 9 погодоци од кои два од линијата на седум метри беше најдобар меѓу поразените. Борко Ристовски влезе во игра на крај на второто полувреме и имаше една интервенција, додека на другата страна во екипата на Азоти, рускиот репрезентативец Богданов имаше 11 интервенции и беше најзаслужен за победата на полскиот состав.