На 8 август стартуваше ракометниот турнир во Словачка, Михаловце . На овој турнир учествуваа екипите на Михаловце, Астраханочка, Дебрецен, и Баја Маре. Унгарскиот клуб Дебрецен и романската Баја Маре не настапија во комплетен состав, поради тоа што дел од ракометарките кои што настапуваат во овие два тимови, се на турнир во Кечкемет со своите репрезентации (Унгарија и Романија).
Денес на програмата се натпреварот за третото место како и финалето во кое ќе ги одмерат силите Баја Маре и Астраханочка.
Резултати
Петок, 8 август
Михаловце-Астраханочка 27:24
Сабота, 9 август
Дебрецен- Баја Маре 32:34
Дебрецен-Астраханочка 18:36
Михаловце- Баја Маре 23:26
Недела, 10 август
Натпревар за третото место
Михаловце- Дебрецен ( почеток 10:00)
Финале
Баја Маре- Астраханочка ( почеток 12:00)
Во 14:00 часот, ќе биде прогласен победникот на турнирот и за тогаш е закажано и доделувањето на медалите.


